Реклама
Македонија

Проекти.гов.мк – Владата лансира нова платформа за јавен надзор

Проекти.гов.мк – новата дигитална платформа со која Владата отвора ново поглавје во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Проекти.гов.мк – новата дигитална платформа со која Владата отвора ново поглавје во пристапот за поголема транспарентност. За првпат, граѓаните, новинарите и целата јавност имаат целосен увид во реализацијата на проектите за општините финансирани од државниот буџет.

Секој може да провери кој проект се реализира, во која општина, со колкав буџет, во која фаза на реализација е, дали има договор и кој е изведувачот. А информациите се достапни со неколку кликови. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Владата нема што да крие затоа што работеле чесно, транспарентно и во интерес на граѓаните – со оваа платформа транспарентноста ја носат чекор поблиску до граѓаните.

„Транспарентноста за нас не е формална обврска. Таа е суштинско демократско правило и основа на довербата, основа на стабилноста и основа на вистински одговорните политики. Во општество кое секојдневно се соочува со лажни наративи, дезинформации и манипулации, единствениот одговор е – отворена држава со отворени податоци. Затоа, оваа Платформа е секундарно технолошки проект, а примарно – политичка порака: немаме што да криеме, затоа што работиме чесно, транспарентно и во интерес на граѓаните.“

Реклама

На платформата веќе се објавени дел од 288 проекти од првиот јавен повик со вредност од 75 милиони евра. Од нив, 193 се целосно завршени, 26 се во финална фаза, а 89 се во активна реализација.

 Дополнително, преку вториот повик стартуваат 828 нови проекти со вкупна вредност од над 225 милиони евра.

Денес можеме одговорно да кажеме дека сите 288 проекти се започнати и за сите се склучени договори со економски оператори. Тоа не се само бројки. Тоа значи подобар живот, подобри услуги, подобра општина и подобра држава.“

`Proekti.gov.mk` симболично ја отвора вратата на јавните финансии – за секој граѓанин да провери, следи и праша. Од владата велат одговорноста и увидот стануваат се поголем дел од секојдневието.