Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Проект за подобрување на пристапот до чиста вода и отпорноста на климатските промени

Македонски Каритас официјално го започна проектот „Вклучување на жените во подобрување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонски Каритас официјално го започна проектот „Вклучување на жените во подобрување на услугите за достапност до чиста вода и санитација и зајакнување на отпорноста на климатските промени во Македонија“, кој се реализира со финансиска поддршка од Министерството за надворешни работи на Република Словенија и Словенечки Каритас, се вели во соопштението од Македонски Каритас.

По повод започнувањето на проектот, во Струмица се одржа прес-конференција на која беа претставени главните цели и активности на иницијативата, како и планираните активности што ќе се реализираат во соработка со локалните самоуправи. На прес-конференцијата присуствуваа градоначалникот на Општина Богданци, г. Блаже Шапов, градоначалникот на Општина Босилово, г. Ристо Манчев, градоначалникот на Општина Дојран, г. Илија Тентов, и градоначалникот на Општина Ново Село, г. Ѓорѓе Божинов, како и претставници на општините Гевгелија, Валандово и Струмица.

На настанот се обратија директорот на Македонски Каритас, протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов, амбасадорот на Република Словенија во Македонија, Неговата Екселенција Грегор Прескер, како и координаторот на проектот, г. Томислав Микулец.

Реклама

Заблагодарувајќи се на поддршката од Словенското министерство за надворешни работи и Словенски Каритас, како и на присутниот амбасадор Прескер, Македонски Каритас нема да настапи само како имплементатор, туку и како доверлив и посредувачки партнер на сите општини – нагласи директорот на Македонски Каритас отец д-р Зоран И. Стојанов.

Словенскиот амбасадор во Македонија, Н.Е. Прескер истакна дека токму ваквите проекти овозможуваат долгорочни и одржливи резултати и додаде дека денешното потпишување на меморандумите за соработка преставува важен чекор за заедничко делување, затоа што токму локалните заедници најдобро ги познаваат потребите на своите граѓани и затоа нивната улога е незаменлива.

Во рамките на проектот ќе се реализираат активности насочени кон зајакнување на техничките и институционалните капацитети на општинскиот персонал за управување со вода и санитација преку обуки, конференција за размена на знаења и добри практики од Словенија, развој на планови за намалување на ризикот од катастрофи, меѓуопштински повик за заеднички проекти, како и набавка на алатки и машини за одржување на водоводни канали и студиска посета на Словенија. Проектот предвидува и надградба на канализациските системи и рехабилитација на водотеци со користење на природни и климатски отпорни решенија, вклучително и проектирање и изградба на одржлив канализациски систем во Радово – рече координаторот на проектот Томислав Микулец.

Проектот Македонски Каритас ќе го реализира во соработка со општините Богданци, Босилово, Валандово, Гевгелија, Дојран, Ново Село и Струмица.

Во рамките на настанот беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу Македонски Каритас и општините Богданци, Босилово, Дојран и Ново Село, а со останатите општини се очекува да биде потпишан во наредните денови.

Македонски Каритас преку овој проект ќе придонесе за зајакнување на соработката меѓу локалните институции и заедниците, како и за поттикнување одржлив развој и подобар квалитет на живот во регионот.