Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Продолжува судењето за бруталното убиство на 79 годишната штипјанка – се суди за фемицид

Телото го влечел од кујната до купатилото, каде се претпоставува дека го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Телото го влечел од кујната до купатилото, каде се претпоставува дека го обезглавил и распарчил. Главата и нозете ги фрлил во најблискиот контејнер, а остатокот го замотал во најлонска ќеса и го закопал во дворот. Морбидни детали од судењето на  75годишниот штипјанец Денис Асанов,  кој е обвинет за грозоморното убиство на 79годишната Борјанка Николова. На денешното рочиште, во Основниот суд во Штип, сведочеа роднина на убиената жена, вешти лица, инспектори од СВР, Штип, кои работеле на истрагата.

„Во домот на обвинетиот беа пронајдени секира, мотика, тесла и дрвена рачка, на кои имаше траги од крв. Анализите покажаа дека потекнуват од женско лице. Во купатилото, ходникот и кујната, откриени се траги на човечко ткиво, а според вештачењето, телото било влечено од дневната соба кон купатилото„сведочеше  инспектор во СВР-Штип, кој работел на истрагата. 

 Жената, последен пат била видена на 5октомври во домот на обвинетиот, а на 24 октомври била пријавена за исчезната. На 10 ноември при претрес во куќата на обвинетиот пронајдени се траги од крв, при што обвинетиот признал дека во дворот од куќата, покрај возилото, го закопал телото на жената.  Со асистенција на пожарникари, таму било пронајдено тело замотано во ќеса, но без глава и нозе. Според неговите наводи, деловите од тело што недостигаат, но и нејзини алишта биле фрлени во контејнери близу куќата. До денес не се пронајдени , и покрај пребарување на градската депонија. Дополнително дворот бил целосно прекопан со механизација, но не биле пронајдени деловите од телото што недостигаат. Обвинетиот и денеска не призна вина.

Реклама

Според обвинението, убиството се случило во периодот од 6октомври  до 10 ноември минатата година,  во домот на обвинетиот. При вршење родово базирано насилство со тврд предмет и нанел повеќе удари  во пределот на градниот кош, крешејќи и осум ребра. Потоа телото го распарчил, по што трупот го закопал во дворот од својот дом.