Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Продолжен викенд, годишни одмори, жештина- Скопје за Илинден изгледаше како град на духови

Главниот град деновиве дише со поспоро темпо. Продолжениот викенд по повод Илинден,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Главниот град деновиве дише со поспоро темпо. Продолжениот викенд по повод Илинден, летните одмори и жештините ги оддалечија граѓаните од скопскиот асфалт. Булеварите, центарот на градот и јавните површини се значително потивки од вообичаено, па дури и пусти.Ретки минувачи и поредок сообраќај е сликата што доминира во метрополата.

Полупразни се и паркинзите, а помалку посетители има и  во угостителските објекти. Дел од нив деновиве воопшто не работат поради колективни одмори, додека во оние што се отворени, бројот на гости е значително помал.

Имаше луѓе, но не како по обично, затоа што сите се секако по одмори, на сабајле знаат да дојдат тука на утринско кафе, но исто, помалку од обично. -вели вработена во угостителски објект.

Реклама

Најголем дел од скопјани празничните денови ги искористија за одмор надвор од градот, додека оние кои останаа, според она што може да се види, засолниште од високите температури бараат во климатизирани простории, како што се трговските центри.

Не е потребна статистика за да се забележи дека Скопје денес е значително попразно. Доволно е да се погледне зад мене. Еден од најпрометните булевари кој вообичаено е исполнет со колони возила, денес изгледа невообичаено мирно-глетка што може да се види само неколку пати во годината.

 Ваквото темпо ќе потрае уште некое време. А со завршувањето на годишните одмори и почетокот на новата учебна година, кога учениците повторно ќе седнат во училишните клупи, а повеќето граѓани ќе се вратат на работните обврски, Скопје повторно ќе ја добие препознатливата градска динамика.