Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Продолжен рокот за тендерот за изградба на новата регионална депонија кај Свети Николе

Пролонгиран рокот за завршување на меѓународниот тендер за избор на градежна компанија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пролонгиран рокот за завршување на меѓународниот тендер за избор на градежна компанија што ќе треба да ја гради Регионалната депонија, кај светиниколско Мечкуевци. Постапката којашто денеска требаше да заврши, а јавно да се отвори на 25 февруари поради технички проблем е одложена, информираат од Министерството за животна средина. Уште колкав роk, ќе им се даде на компаниите за да може да аплицираат, засега е неизвестно, во телефонски разговор за Алфа, објаснува раководителката на Секторот за управување со отпад, Ана Каранфиловска. Со изградбата на депонијата ќе се реши пролемот со депонирање и обработка на отпадот од целиот Источен и Североисточниот регион, а во наредниот период сите општини кои се вклучени во проектот треба да покажат сериозност и навремено решавање на обврските, вели преседателот на Советот на градоначалници на ИПР и градоначалник на Зрновци, Борчо Коцев.

„Изградбата на регионалната депонија значи и трајно решавање на проблемите со дивите депонии. Ова е завршна фаза од имплементацијата на европскиот проект и сите ние во наредниот период што следи треба да покажеме сериозност и навремено решавање на оние обврски на секоја општина поединечно. Крајна цел е оставање на животна средина за идните генерации„ изјави Борчо Коцев, градоначалник на Зрновци и претседател на Советот на градоначалници на ИПР.

Со отпочнување на проектот, општините Зрновци, Чешиново-Облешево и Виница беа принудени да ги затворат своите депонии, а отпадот да го носат во Кочани. Ваквите насоки, на нозе ги крена и тамошните еко активистите кои речиси  месец дена не дозволуваа пристап до кочанската депонија, која  во минатотот често гореше и го загадуваше воздухот. Сега за нејзино одржување плаќаат и трите општини.

Реклама

„Ние трите општини се задолжуваме да плаќаме месечен надоместок во висина од 220денари по кубик собран и депониран отпад на територијата на Кочани. Од страна на ЈП„Водовод„-Кочани и поддршка на МЖС, веќе се обезбедени средства и е ангажиран економски оператор. На дневна основа се уредува целата таа површина, а проблемите кои беа до пред некој месец се надминати„ изјави Борчо Коцев, градоначалник на Зрновци и претседател на Советот на градоначалници на ИПР.

По завршувањето на целата постапка, фабриката треба да биде готова за две и пол години. Но, и покрај ветувањата дека отпадот ќе се третира по сите европски стандарди, светиниколчани и понатаму цврсто остануваат на ставот и не дозволуваат изградба   на депонија во нивниот регион.