Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Македонија

Проданоски:  Ќе го решиме проблемот со сообраќајниот хаос во центарот на Прилеп, обиколниците ,,Исток“ и ,,Запад“ се огромни капитални проекти

На денешната прес-конференција кај Заполшки мост во Прилеп, канидатот за градоначалник од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешната прес-конференција кај Заполшки мост во Прилеп, канидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Дејан Проданоски најави решавање на проблемот со сообраќајниот хаос во центарот на прилеп и обиколници „Исток“  и „Запад“ како капитални проекти.

-Обиколницата ,,Исток“ во должина од 1,6 километри, и профил од 5,5 метри ќе биде директна артерија што ќе ги насочи тешките товарни возила, надвор од срцето на градот. Таа ќе се протега од стариот пат кон вештачкото езеро, преку склештен мост се до клучката за новиот автопат. Со тоа ќе се растовари центарот, ќе се намали метежот и загадувањето. Обиколницата „Запад“ е огромен капитален проект, долга 4,5 километри со модерен профил од 26 метри кој ќе опфати коловозни ленти, велосипедски и пешачки патеки. Новата траса ќе ја поврзе делницата од Мебел Венеција преку Варош, па се до фабриката за Мермер на улица ,,Леце Котески“ и натаму до ,,Црн Бор“. На оваа траса ќе изградиме два надвозници и еден мост овозможувајќи безбеден брз и европски сообраќај за нашиот град. Со реализација на овие два проекти, ќе се реши еден од најголемите проблеми на Прилеп, сообраќајниот хаос во центарот, изјави Проданоски.

Според Проданоски со овие капитални проекти ќе се создатат нови можности за економски развој, бизнисот ќе добие полесен пристап до автопатот што значи нови инвестиции и отворање на нови работни места.