Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Процесот на рехабилитација на повредените во „Пулс“, позитивно ги надминува очекувањата на лекарите

Процесот на рехабилитација на повредените млади луѓе во дискотеката Пулс, позитивно ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Процесот на рехабилитација на повредените млади луѓе во дискотеката Пулс, позитивно ги надминува очекувањата на лекарите. Иако лекувањето е долготрајно, сепак со добра физикална терапија, пациентите успешно заздравуваат. Сите се во стабилна состојба. Во моментот 42 од повредените се рехабилитираат во кочанската Општа болница, а седумина во штипската Клиничка болница.

„Во однос на рехабилитацијата на пациентите, повредени во дискотеката, е добра. Сите трансплантантите се прифатени и во однос на раздвижувањето на зглобнииот дел работите одат во нагорна линија. Најголем дел од повредените се со изгореници на шаките, дел од повредените имат изгореници на вратот и рамењата, но имаме и трауматски повреди и ампутации” изјави д-р Никола Костадинов, раковидител  на Физикална терапија, Штип.

Медицинската рехабилитација во која се вклучени  лекари од Скопје, Штип и Кочани, може да трае и до 24месеци. Во моментот на Одделението за физикална терапија се опремува просторија, која ќе биде наменета само за повредените во пожарот. Сепак, потребни се апарати со кои процесот на заздравуваање ќе биде многу побрз.

Реклама

„Спецификата на оваа рехабилитација е тоа што се обавува секојдневно, индивидуална е за секој пациент и задолжителен е надзор од физијатри. Во штипското одделение подготвуваме специјална просторија. Во моментот во кочанската Општа болница има работна машина за горни екстремитети која го олеснува процесот на рехабилитација. Се надеваме дека во наредниот период таков апарат со кој добиваме побрзи резултати, ќе добиеме и во Штип„ изјави д-р Никола Костадинов, раководител на Одделението за физикална терапија, во Штип.

Доктор Костадинов, уште еднаш алармира повредените, да не користат креми и мелеми за изгореници од надри лекари, туку задолжително да барат совети од специјалисти.  Претходно медицински персонал од Штип и Кочани, вклучени во процесот на рехабилитација завршија  шестнеделна обука организирана од страна на англиската Организација за ургентна медицина,  сертифицирана исклучиво за пациенти со изгореници.