Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

Пробиштип од утре почнува со прскање против комарците

Општина Пробиштип ги информира граѓаните дека утре, 9 Април 2026 година ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Пробиштип ги информира граѓаните дека утре, 9 Април 2026 година ќе се изврши прв ларвициден третман комбинирано со фрлање на гранули и прскање против комарци од земја на подрачјето на општина Пробиштип, согласно Програмата за општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2026 година и препораките на Министерството за здравство.

-Овој третман ќе ги опфати стоечките неистечни води, согласно Стручниот елаборат за превентивна и задолжителна дезинсекција и дератизација на територијата на општина Пробиштип за 2026 година, како што се долж течението на река Злетовица од населено место Злетово, преку с. Ратавица, до м.в. Киселица, потоа по течението Маричанска рака, од м.в. Маричански дол, па се до чешмата во приградска населба Калниште, на патот кон м.в. Леговец, како и двете јаловишни депонии (стара и нова),Кундинско езеро на површина, брана Пишица на површина и руднички базен и фонтани во градски парк –  соопштуваат од општина Пробиштип.

Во писменото соопштение се вели дека третманот се спроведува со цел навремено уништување на ларвите, со што значително се намалува ризикот од нивно понатамошно развивање во возрасни единки и ширење на заразни болести. Третирањето ќе започне во 9.00 часот.