Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Балкан

Привремената бугарска влада на Андреј Ѓуров стапи на должност

Бугарија од денеска има привремена влада, која ја предводи премиерот Андреј Ѓуров.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бугарија од денеска има привремена влада, која ја предводи премиерот Андреј Ѓуров.

„Нашата привремена влада нема да работи со реваншизам, туку со правила“, рече привремениот премиер. Ѓуров истакна дека работата на привремената влада нема да биде да суди, туку да постигне неколку цели. Најважната цел, посочи вршителот на должноста премиер, е да се врати довербата кај луѓето.

Претходно, потпретседателката Илијана Јотова потпиша декрети за назначување на вршител на должноста претседател на владата и закажување избори за Народното собрание на 19 април.

Реклама

Гласањето ќе биде осмо по ред од 2021 година. Поранешниот премиер Росен Жељазков и единаесет министри од неговиот кабинет се враќаат во парламентот како пратеници.

Масовните протести против корупцијата ја соборија владата, предводена од конзервативците, кон средината на декември, предизвикувајќи нова политичка несигурност во Бугарија, балканската членка на ЕУ.