Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Приведено лицето кое пукало кон стан во Струга, кај него пронајдени куршуми и дрога

Полицијата привела 48-годишен жител на селото Подмоље осомничен за пукање со пиштол…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полицијата привела 48-годишен жител на селото Подмоље осомничен за пукање со пиштол кон стан во Струга. Во неговиот дом пронајдени и одземени се 25 куршуми и бела прашкаста материја,  соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, вчера во 22 часот во село Подмоље, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид од слобода го лишиле Г.М.(48) од истото село. 

– При претрес во неговиот дом извршен по судска наредба, пронајдени и одземени се 25 куршуми и бела прашкаста материја. Г.М. се сомничи дека ноќта на 29/30 октомври со пиштол пукал кон стан во зграда во Струга, при што е направена материјална штета, а повредени лица нема, стои во информацијата. 

Реклама

По целосно документирање на настанот, СВР Охрид, како што стои во соопштението, против Г.М. ќе поднесе соодветни кривични пријави.