Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Прилеп преку Упатство и спогодба ќе ги решава надоместоците за граѓани каснати од бездомни кучиња

Прилепската локална самоуправа почнува со примена на Упатство за спогодбено решавање на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прилепската локална самоуправа почнува со примена на Упатство за спогодбено решавање на случаи на граѓани каснати од бездомни кучиња за да им се исплати надомест.

Како што информираат од општината, со примената на Упатството за начинот и правилата на утврдување и исплата на надоместок на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња, граѓаните кои претрпеле штети од каснувања, да поднесат барање за надомест и со тоа почнува постапка за спогодбено решавање на случајот. 

-Постапката се спроведува преку формирана Комисија, која врз основа на доставената документација и утврдената фактичка состојба предлага висина на надоместок, по што на барателот му се доставува спогодбата, информираат од прилепската локална самоуправа.

Реклама

Барањата се достапни во архивата и на официјалната веб-страница на општината. Во текот на минатата година општината исплатила околу 8 милиони денари на име надомест по судски случаи на граѓани каснати од бездомни кучиња. Ова Упатство го донесе општинскиот Совет.

-Можеби ова упатство и правилник претставуваат само обид да се направи одредено поместување, но од некаде мора да се почне за да видиме дали ќе даде резултати, во насока на решавање на долгогодишниот проблем. Општина Прилеп, следејќи ги примерите од други општини, може да направи одредени чекори за намалување на финансиските трошоци кои се создаваат по основ на надоместок на штета од каснување од кучиња скитници. Сепак, за жал, проблемот не може системски да се реши само на локално ниво. Ова нека биде и иницијатива од нашата општина за отворање поширока дебата и за евентуални измени на законската регулатива, бидејќи станува збор за наследен проблем кој со години се продлабочува, посочи прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски пред советот при изгласувањето на Упатството.

Ситуацијата со бездомните кучиња е комплексна, особено што, според градските власти, се носат кучиња и од други општини.