Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Претставување на монографијата за Крсте Петков Мисирков од Ганка Цветанова

„Социолошкиот дискурс на Крсте Петков Мисирков: за македонскиот идентитет и за нацијата“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Социолошкиот дискурс на Крсте Петков Мисирков: за македонскиот идентитет и за нацијата“ е насловот на монографијата од проф. д-р Ганка Цветанова, издание на „Арс ламина“, која ќе биде промовирана деенска напладне во Музејот на македонската борба за самостојност.

Издавачката куќа информира дека монографијата претставува теориско преиспитување на делото на Мисирков, со настојување да се нагласат неговата теориска длабочина и далекосежноста во контекст на современите дебати за нацијата и идентитетот.

– Оваа научна студија го реевалуира и реконцептуализира Мисирков преку социолошка перспектива интерпретирајќи ги неговите текстови како политички и културни сведоштва, но и како аналитички обиди за разбирање на создавањето на заедницата, обликувањето на националната свест и утврдувањето на културата како основа на политичката легитимност. Во таа насока, студијата јасно и недвосмислено го афирмира Мисирков како основоположник на македонскиот социолошки дискурс. Иако главниот фокус на студијата не е непосредно насочен кон целосна реконструкција на процесот на создавање на македонската нација, сепак, преку социолошката анализа на делото на Мисирков, авторката Цветанова дава пресек на клучните моменти од тој процес, согледани во споредбен, историски и теориски контекст – соопшти „Арс ламина“. 

Реклама

За научниот и академскиот придонес на оваа монографија во историјата и развојот на македонската социологија, како и за теориските аспекти што ги отвора, на промоцијата ќе говорат рецензентите на книгата: академик Катица Ќулавкова и проф. д-р Константин Миноски. 
 
Авторката Ганка Цветанова е доктор по социолошки науки и редовен професор на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Нејзините научно-истражувачки интереси опфаќаат низа современи и општествено релевантни теми од областа на идентитетските прашања, нацијата и национализмот, етничките односи и конфликти, културните политики и управување во културата, како и односот меѓу демократијата и новите медиуми.