Реклама

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

Македонија

Претседателот на Собранието Гаши на отворање на 23. Доха Форум

Претседателот на Собранието на Македонија Африм Гаши денеска учестуваше на официјалната церемонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието на Македонија Африм Гаши денеска учестуваше на официјалната церемонија на отворањето на 23. Доха Форум под покровителство на емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад бин Тани. 

-„Правдата на дело: повеќе од само ветување за напредок“ е тема на годинашниот форум. Доха форумот претставува глобална платформа за дијалог, дипломатија и конкретни акциски решенија, наменета за постигнување  фер, транспарентен и одржлив свет. На маргините на Форумот, претседателот Гаши оствари билатералана средба со шеиката Ал Мајаса Бин Хамад бин Калифа-Ал Тани, претседателка на музеите и културно наследство на Катар. Претседателот Гаши истакна дека високо ја цени визијата на Катар во развојот и промоцијата на културата, музејските вредности и културното наследство. Тоа може да претставува силен мост за поврзување на нашите народи имајќи предвид дека Македонија е богата со културно и историско наследство, а истовремено е отворена за соработка, размена на знаења и модерни пристапи во заштитата, дигитализацијата и презентацијата на културата, соопшти собраниската прес-служба. 

Двајцата соговорници се согласисе дека унапредувањето на соработката може да продолжи во областа на филмската индистија „со оглед дека Македонија има динамична и меѓународно препознаена филмска сцена“.

Реклама

-Се верува дека може да се отворат значајни можности за соработка со филмските институции и филмските фестивали во Катар — преку заеднички продукции, филмски фестивали, размена на професионалци и поддршка за млади режисери и продуценти. Со комбинирање на креативниот потенцијал на двете земји, може да се создадат проекти што ќе привлечат меѓународно внимание, стои во соопштението.