Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Претседателот на Парламентот, Гаши, му го честита изборот на албанскиот колега, Пелеши

Претседателот на македонскиот Парламент Африм Гаши, му го честиташе изборот на неговиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на македонскиот Парламент Африм Гаши, му го честиташе изборот на неговиот албански колега, Нико Пелеши.

– Во име на Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име, упатувам најискрени честитки по повод изборот на  Нико Пелеши, за  претседател на Собранието на Република Албанија. Убеден сум дека за време на мандатот на господин Пелеши уште повеќе ќе се продлабочат одличните пријателски и братски односи меѓу нашите земји, изградени врз заемна почит и соработка, наведува Гаши во објава на Фејсбук, што ја пренесуваат медиумите.

Со нетрпение очекувам, наведува понатаму, да ја зајакнеме меѓупарламентарната соработка и да работиме заедно за унапредување на нашите заеднички евроинтеграциски аспирации, регионалната стабилност и демократскиот развој.

Реклама

– Ви посакувам успех во извршувањето на Вашата важна должност и ја изразувам мојата подготвеност за негување на блиско партнерство меѓу нашите два парламента, наведува Гаши.

Нико Пелеши, од Социјалистичката партија, вчера доцна попладне, беше избран за прв парламентарец на новиот албански законодавен дом, кој произлезе од изборите на 11 мај.