Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Пренџов: Реформите продолжуваат со или без Венко и СДСМ

Денешната прес-конференција ја свикуваме во врска со случувањата со последните закони од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денешната прес-конференција ја свикуваме во врска со случувањата со последните закони од реформската агенда, односно со лицемерието кое СДСМ и Венко Филипче се обидуваат да го протнат и во Собранието и на македонската политичка сцена. Како медиуми и јавност сте сведоци дека сите поважни законски решенија, а пред сè сите решенија од реформската агенда, се носат во една транспарентна, јавна и отчетна процедура – како никогаш досега, изјави пратникот на ВМРО-ДПМНЕ од коалицијата, Љупчо Пренџов на прес конфренција.

Сите закони беа во редовна постапка, со испочитувани рокови, со консултирани експерти, со организирани јавни расправи и слично, каде што беа поканети сите оние кои беа предложени од опозицијата, како и невладиниот сектор и меѓународните организации, Европската комисија итн.

Опозицијата активно учествуваше во подготовката, обликувањето и допрецизирањето на овие законски решенија. За секој од законите беа прифатени двоцифрен број амандмани и на тоа сме горди, затоа што секој добар предлог треба да биде вграден во законското решение, независно дали доаѓа од експертската фела, граѓанскиот сектор или од опозицијата.

Реклама

Почитувани граѓани, согласно Деловникот на Собранието, за донесување на Законот за Советот на јавни обвинители се потребни 41 пратеник. Јасно е дека, согласно бројките во Собранието, тоа законско решение секако ќе беше донесено. Но, загрижува фактот што Венко Филипче и СДСМ вчера гласаа против ова законско решение и јасно испратија порака дека се против реформската агенда, интеграциите во Европската Унија и подобар правосуден систем. Истовремено, пред некој ден соопштија дека се повлекуваат од уште еден реформски закон – Изборниот законик, и јасно и недвосмислено ни соопштија дека се против Законот за јавното обвинителство, кој е во собраниска процедура.

Ова е лицемерие. Ова е вистинскиот СДСМ – политичка партија која де јуре зборува за Европа, а де факто никогаш не направила доволно за да бидеме чекор поблиску до Брисел. Затоа јавно прашувам: во чиј интерес е ова блокирање на сите реформски закони? Знам само дека не е во интерес на граѓаните и на Македонија.

Почитувани, сите законски измени во поглед на исполнувањето на реформската агенда ќе бидат донесени во рамките на Собранието, со или без поддршка на СДСМ. Македонија ќе оди напред, независно од политиканството и лицемерието.

Исто така, и во следниот период, како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, како и како Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, ќе продолжиме активно да соработуваме со сите политички чинители, невладини организации и експерти со цел да креираме подобри закони. Ќе продолжиме да организираме јавни расправи, да работиме транспарентно и отчетно и да го прифаќаме секој предлог што значи подобро законско решение. Ние, како политичка номенклатура, ќе продолжиме да се однесуваме исклучиво согласно интересите на граѓаните и на државата.