Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Македонија

Премиерот Мицкоски во работна посета на Обединетите Арапски Емирати

Македонската Влада ги проширува активностите во насока на економско поврзување на државата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската Влада ги проширува активностите во насока на економско поврзување на државата со нови пазари и привлекување инвеститори. Како најново, во фокусот се Обединетите Арапски Емирати каде патува висока владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски. Заедно со него, во македонската делегација се и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, генералниот секретар на Владата Игор Јанушев, како и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриско развојни зони Гоце Димовски, националниот координатор за туризам Акан Махмут и претставници на неколку државни институции.

Во рамки на официјалниот работен престој во Обединетите Арапски Емирати, премиерот Христијан Мицкоски и владината делегација ќе остварат средба со претседателот кој воедно е и владетел на Емиратот Абу Даби, шеикот Мухамед бин Зајед Ал-Нахјан, на чии покана и се остварува оваа посета.
Премиерот Мицкоски ќе оствари средба и со шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, владетел на Дубаи, потпретседател и премиер на ОАЕ.

За време на посетата, планирани се повеќе средби на највисоко ниво, како и средби со развојниот холдинг на Абу Даби, со државната „Мубала“ инвестициска компанија, како и „Масдар“ – државната енергетска компанија, како и средби со неколку стопански комори, со цел разгледување на можности за соработка во инфраструктурни проекти, инвестиции во агро-бизнисот, обновливи извори на енергија, туризмот, иновации и современа технологија.