Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Економија

Премиерот Мицкоски присуствуваше на поставување камен темелник на нова градинка во Бутел

По цели 60 години, граѓаните на Бутел 2 ќе добијат нова градинка.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По цели 60 години, граѓаните на Бутел 2 ќе добијат нова градинка. Родителите ќе можат да пратат над 200 дечиња во предшколската установа, кадешто ќе добијат пристојни услови за престој, грижа, ран развој и подготoвка за на училиште. Инвестицијата е вредна 1,6 милиони евра.

Минатата седмица беше ставен и камен темелник за ново училиште во Драчево. Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани уверува дека грижата и едукацијата на децата ќе бидат главен приоритет на оваа Влада.

Премиерот Мицкоски ветува дека Владата интензивно ќе работи за да се најдат решенија за проблемите на граѓаните. Оваа година за прв пат општините ќе можат да конкурираат за пари од буџетот со проекти вредни 250 милиони евра. Тој ги охрабри градоначалниците да аплицираат за изградба на капитални објекти како училишта, градинки, инфраструктура. Вели дека не сака да зборува за ветувања, туку за нивна реализација.

Реклама

Парите за општините ќе бидат префрлени од централниот буџет. До крајот на месецов ќе има ребаланс и ќе се знае од каде ќе се скрати за да им се помогне финансиски на локалните власти. Летово општините ќе ги довршуваат проектните документации за проектите, а веќе во септември ќе можат да аплицираат на јавниот повик на Министерството за локална самоуправа.