Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Премиерот Мицкоски очекува минимално зголемување на цената на струјата

Владата очекува струјата да поскапе минимално. Според премиерот Христијан Мицкоски порастот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата очекува струјата да поскапе минимално. Според премиерот Христијан Мицкоски порастот на цената ќе изнесувал помеѓу 1 и 3%, што е убедливо најмалку во регионот и Европа. Во првиот и вториот блок каде што припаѓаат најголем дел од граѓаните, зголемувањето би било 0,5%. Сепак, вели конечната одлука ќе ја има Регулаторната комисија за енергетика. АД ЕСМ вчера достави понуда од 62 евра за мегаватчас на тендерот на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум за количините и цената по која ќе му ја продава електричната енергија од следната година. Тоа е за само 3,33% повисока цена од сегашните 60 евра за мегаватчас. 

– Тоа е одлука на Регулаторната комисија, но јас очекувам да не се движи повеќе од она што го зборував, значи помеѓу 1 и 3 проценти, што ќе каже – најниско зголемување, убедливо неколку пати во регионот и Европа, а во првиот и вториот блок каде што се најголемиот дел од потрошувачите или повеќе од 75 проценти не очекувам да биде повисока од 0, 5 проценти – рече Мицкоски.

Во моментов се прават последните калкулации околу цената на струјата. Денеска Регулаторната комисија за енергетика одржа подготвителна седница на која се разгледуваа извештаите за потребите за раст на цената на мрежарината доставени од Електродистрибуција, операторот на преносниот систем  МЕПСО и операторот на пазарот на струја МЕМО.

Реклама

Она што е познато е дека ЕСМ ќе ги покрива загубите на Електродистрибуција по просечна цена од 106 евра за мегаватчас. Претходно оваа цена изнесуваше 105,00 евра за мегаватчас. Тоа значи дека покривањето на загубите во системот ќе чини слично како и досега. Оваа цена, заедно со барањата на операторите МЕПСО и МЕМО влегува во одлуката за цената на преносот и дистрибуцијата за која Регулаторната комисија за енергетика ќе одлучи на стартот на следната недела. Потоа пресметките ги презема универзалниот снабдувач ЕВН ХОУМ која ќе ја искалкулира крајната цена по која граѓаните ќе ја плаќаат струјата. Кон крајот на декември Регулаторна треба да ја провери оваа пресметка и да пресече околу цените на струјата во 4-те потрошувачки блокови. Новата цена на струјата ќе важи во првите 6 месеци од 2025-та година.