Коалиционите комибинаторики за локалните избори во полн ек. ВМРО-ДПМНЕ преговара со ЗНАМ и Влен, Арбен Таравари сепак на крајот ќе влезе целосно во јатото на ДУИ, а СДСМ би сакала со било кого, на Ахмети му намигнуваат одамна, а сега дури и на Апасиев, но преговори нема со никого. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека преговорите со ЗНАМ се при крај и голема е варојтаноста во Куманово и во Центар да имаат заеднички кандидат. Но, се ќе се знае после 15 август, кога ќе завршат сите партиски анализи и преговори.
-Разговорите се водат во консктруктивна, убава насока, позитивна насока. Но, повеќе информации ќе имаме после 15-ти август, како што веќе во една прилика кажав, затоа што се уште траат разговорите, анализите и во некои од општините, каде што навистина имаме многу добри кандидати и сега мораме после 15-ти, 20-ти август уште еднаш да измериме и во рамките на граѓаните во тие општини, и во рамките на партиската база, за да дојдеме навистина до најдоброто решение кое што ќе го понудиме, изјави Мицкоски.
ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија која досега ги потврди кандидатите за градоначалници во најголем број општини. Во тие каде што ќе немаат свои луѓе, очекуваат меѓусебна соработка во Вреди.

-Ќе се поддржуваме во оние општини каде што ние ќе имаме кандидат, тие ќе немаат и таму каде што тие ќе имаат кандидат, ние ќе немаме. Еве да речеме, ќе има општини каде што ќе имаме и двете политички групации кандидати, нормално секој ќе се води согласно својата стратегија и својот интерес, изјави Мицкоски.
ДУИ како и на парламентарните избори ќе настапат повторно со партиите од коалицијата „Европски фронт“, само сега плус и со Арбен Таравари, кој упорно тврдеше дека на изборите ќе оди сам и дека затоа ја напуштил владата. Но, ништо од тоа, затоа што според Арбр Адеми, од ДУИ не само што ќе имаат заеднички кандидати за градоанлчалници, туку и заеднички советнички.
-Веќе постои договор помеѓу Европскиот фронт, помеѓу претседателот Ахмети и претседателот Таравари за заедничко настапување на овие избори, така што ние ќе имаме и заеднички кандидати и заедничи листи за советници, изјави Адеми.
Од Вреди веќе најавија дека со свој кандидат ќе настапат за Скопје, а за некој ден ќе ги објавеле и останатите, главно во општините каде има значителен број на Албанци.
-Во ВЛЕН интензивно разговараме, анализираме и мислам дека до крајот на неделата ќе ги објавиме сите имиња од Струга до Липково, изјави Изет Меџити.
За разлика од локалните избори претходно, кога главната битка во албанскиот политички блок се водеше во Тетово, сега тоа ќе биде општина Чаир, каде што кандидат на коалицијата на ДУИ е партискиот потпретеседател и поранешен министер за надворешни работи Бујар Османи, а на Вреди можно е да биде Изет Меџити.
Матеја Петровски

