Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Пред да се воведе балансерот имало повеќе вработени припадници на етничките заедници

Балансерот не е механизам кој гарантира поголема правична застапеност на етничките заедници…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Балансерот не е механизам кој гарантира поголема правична застапеност на етничките заедници во јавната администрација. Министерот за јавна администрација – Горан Минчев, сподели податоци дека пред неговото воведување во 2015 година бројот на вработени-административци припадници на етничките заедници  бил поголем. За новиот закон за правична застапеност Минчев вели дека е уставна категорија и мора да биде изработен од експерти по уставното право, на што веќе се работи во рамки на владата. 

“Статистичките податоци го велат следново. Од 2001 до 2015 не постоел балансер за дигитална алатка за правична застапеност во јавната администрација, а од 2015 е воведен до одлуката на уставниот суд да ја укине во 2024 година, интересен е податокот во овој период кога не постоел балансерот има поголема бројка на вработени од етничките заедници откако е воеден балансерот” изјави Минчев

Платите на јавната администрација ќе растат. Од 1 март 2023 година ќе се зголемат за 8% потврди Минчев кој исто така најави и реформи во јавната администрција со прераспоредување на јавни службеници на позиции на кои ќе бидат повеќе ефикасни. Реформата според Минчев ќе започне од неговото министерство со укинување на инспекцискиот совет кој ќе продолжи да работи во рамки на министерството за јавна администрација.

Реклама

“Согласно колективниот договор од 1 март, 2025 година ќе се зголемат за 8% што е значаен чекор со кој се подобрува статусот на јавните службеници, ова е проблем кој се решава по цели 7 години. Ќе се укине и инспекцискиот совет кој ќе заштеди околу 240.000 евра, а вработените ќе бидат трансформирани на други позиции во министерството.    

Предлог законите кои се очекува деновиве да бидат на увид во јавноста во конечна верзија на платформата ЕНЕР се во насока на намалување на клиентелизмот и департизацијата во јавната администрација, едукација и поголема транспарентност во работата на јавните службеници.

Даниел Ѓорѓевски