Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Празничната програма во Куманово почнува од вечер, наменета за сите генерации

Забава за најмалите, програма за повозрасните, настапи на локални бендови од Куманово…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Забава за најмалите, програма за повозрасните, настапи на локални бендови од Куманово и од македонската музичка сцена ќе се одржат пред Нова година во Куманово, информираа на денешната прес-конференција, надлежните од секторот за култура и од фондацијата за култура кои се организатори на програмата, под покровителство на градоначалникот и Советот на општината.

-Програмата почнува вечерва со музички концерт „И повторн евергрини“ во 19 часот во занаетчискиот дом. Ќе настапат Лидија Кочовска, Влатко Груевски, познат оперски пејач и Андреј Наунов пијано, влезот е слободен, изјави директорката на фондацијата, Сања Давидовиќ.

На 24-ти декември во 13 часот во занаетчискиот дом ќе гостува алтерантивен театар „Отпишани“ од Скопје со претставата „Добриот и лошиот Дедо Мраз“, наменета за деца од 3 до 12 годишна возраст. На 26 декември пак е стендап на познатиот Жарко Јовановиќ со почеток в 19. 30 во занаетчискиот дом.

Реклама

Раководителот на секторот за култра, Александар Крстевски, кажа дека на 27 и на 28 декември ќе има програма наменета за сите. На 27-ми со почеток во 12 часот ќе има програма за најмладите со Дедо мраз, маскоти, ќе бидат поделени пакетчиња.

– Во овој дел поддршка имаме и од општествено договорни компании, кои наместо прослава за своите вработени решија, да ги донираат средствата за пакетчиња за најранливите категории. Апелирам и останатите да се приклучат кон вакви акции, рече Крстевски.

Во текот на денот ќе настапат седум локални изведувачи на градскиот плоштад. Наредниот ден забавата почнува од 16 часот ќе има настап на кумановски и македонски пејачи.Надлежните ги повикаа кумановци да ги проследат настапите на пејачите.