Реклама

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонија

Пожарот во Тетовско и понатаму активен откако се разгоре два часа пред полноќ

Пожарот кој вчера попладне беше ставен под контрола во пределот на тетовските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пожарот кој вчера попладне беше ставен под контрола во пределот на тетовските села Рогачево и Јажинце, повторно е активен. Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираше дека синоќа околу 22:30 часот пожарот повторно се активирал, а утрово во 9:00 часот ситуацијата останува непроменета – пожарот и понатаму е активен.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов соопшти дека во текот на ноќта со помош на жителите на Рогачево успеале да изгасат една линија од пожарот.

– Доцна синоќа пожарот во атарот на село Јажинце, општина Јегуновце, повторно се реактивира. Набргу потоа поради лесно горливата висока трева, грмушки и смреки пропратени со подзасилен ветер, огнената линија стана подолга од еден километар движејќи се во насока на магистралниот пат Тетово – Јажинце. На патот бргу поставивме одбрана со десет ПП цистерни, 8 пинцгауери и еден воден топ на МВР за да не дозволиме огнот да помине преку патот, доколку дојде до него, информираше Ангелов.

Реклама

Околу полноќ тој се искачил до линијата на огнот над патот и откако лично се уверил дека ветрот е поволен, горењето ослабнато и има услови за ноќно гаснење од земја, со неговиот возач и седум жители на Рогачево почнале гаснење на таа огнена линија.

– Гаснењето се одвиваше во две фази, гаснење, контролирање и догаснување на изгаснатата линија. Некаде околу три часот по полноќ ја совладавме целата лева огнена линија во должина поголема од еден километар. Посебно голема благодарност до седумчлената чета на Цветко Војвода од Рогачево со која успеавме да спасиме неколку хектари трева, грмушки и шума, гаснејќи по исклучително тежок за движење терен, изложувакки се притоа и на определен ризик, информираше Ангелов.

Според него, десната огнена линија била далеку од нив и поради тешко пристапниот терен обраснат со густа вегетација полна со трње, не можеле да се пробијат до таму.

– Во овој момент изгаснатата лева линија покажува жешки точки и знаци на разгорување поради што е активиран полицискиот хеликоптер кој со прецизно фрлање на вода дејствува точка по точка. Еден крак од пожарот се движи во насока на с. Дворце кон скопската страна, информираше Ангелов.

Тој соопшти и дека министерот Тошковски синоќа ја посетил локацијата на пожарот, цела ноќ и утрово останал со луѓето ангажирани за гаснење на пожарот. На местото се наоѓаат пожарникари со навални возила од ТППЕ Тетово, Гостивар, Велес и Кавадарци како и локално население.