Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Пожарот во Берово, Пехчево и Делчево ставен под контрола

Небото над Берово, Пехчево и Делчево  е повторно чисто. Иако повеќе од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Небото над Берово, Пехчево и Делчево  е повторно чисто. Иако повеќе од 24 часа нема никаков пламен , екипи се уште се на терен за да ги контролираат кризните подрачја.

Огнената стихија што девет дена  беснееше низ најубавиот предел во источниот, направи непроценлива штета. Според првичните проценки  изгореа околу 5000 хектари борова шума. Некоја од нив стара и педесет години. Утре комисија составена од неколку државни институции излегува на терен за да ја утврди реалната состојба.  Што се однесува до матрејалнато, она што граѓаните го изгубија во огнот и не е толку големо, во одос на шумскиот фонд коментираат градоначалниците на овие општини.

Во Делчево изгорени се девет објекти, а во Берово неколку плевни.

Реклама

Епска борба против огнената стихија се водеше над беровскоБудинарци и делчевското село НОв Истевник. Огнената стихија им се закануваше на Умлена, Мачево, Тработивиште, Разловци. .

Огнената стихија почна да кулминирА од четврти август, два дена по појавувањето на првите пламени јазици на Бејаз Тепе, место каде се сврзуваат трите општини пехчево, берово и делчево.. Огнот голташе се пред себе. Луѓето беа во паника. Пламените јазици кои беа и по дваесет –триесет метра голтаа се пред себе. ..

  „Се носат лекови, храна, гориво. Цел регион е мобилизиран . Малешевските дробови отидоа. СЕкој треба да жали сега. Еве гледате каде сме и што доживувавме. Немам зборови, ова е неописливо„-вели друг граѓанин.

Екипи од Србија, Австрија, Бугарија, Словенија заедно со македонските служби и местното население даваа натчовечки напори за да се сопри стихијата.

 „Не може да се оди нагоре ! Нема одење, единствен спас е пожарот да се пресече над Негрево.само евакуација на населението. Да почнат да се копат ровови околу селата. Колку можеме да спасиме. Пожарот е излезен од контрола„-алармираат жителите на Пијанечко-малешевскиот регион.

Огнот на Бајаз Тепе паралелно се разгоре со пожарот во Кочани.Пламените јазици му се закануваа на градот , а постоеше опасност огнот да ги зафати и првите куќи на село тркање. Малешевци реагираат, доколку сериозно се сватеше пожарот на Бајаз Тепе и премиерот од Кочани, веднаш се упатеше кон нивниот регион, стихијата навремено ќе беше локализирана..

Александра Ристевска