Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Пожарот кај Долани под контрола, но опасноста не помина – страв од повторно разгорување поради жештините и ветерот

Пожарот меѓу штипските села Долани и Љуботен е ставен под контрола, но сè уште постои опасност повторно да се разгори. И денеска пожарникарите остануваат на терен за да ја следат состојбата на опожареното подрачје. Изутринава екипи интервенирале на места каде што сè уште има чад и поединечни активни жаришта. Дополнителна екипа ќе дежура и во […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пожарот меѓу штипските села Долани и Љуботен е ставен под контрола, но сè уште постои опасност повторно да се разгори. И денеска пожарникарите остануваат на терен за да ја следат состојбата на опожареното подрачје. Изутринава екипи интервенирале на места каде што сè уште има чад и поединечни активни жаришта.

Дополнителна екипа ќе дежура и во текот на денот, бидејќи пожарот се наоѓа во дол и на непристапен терен. Се стравува од можно повторно разгорување во најтоплиот дел од денот, кога високите температури и ветерот би можеле повторно да ја активираат огнената линија.

Според првичните проценки, изгорени се меѓу 20 и 30 хектари нискостеблеста вегетација и дел од борова шума.

Реклама

„Цел ден работевме, успеавме да го ставиме под контрола. Имавме и од ДЗС припомош со еден авион… Инаку, зафатена е огромна површина. Горе има нискостеблеста шума, малку имаме зафатено и борова шума. Но успеавме да локализираме, на некој начин да спречиме ширење на огнот“, изјави Благој Ренџов, командир на ТППЕ-Штип.

Во пожарот е повреден еден жител на селото, кој се здобил со изгореници на нозете, по што веднаш бил хоспитализиран во штипската Клиничка болница.

За да се спречи ширењето на огнот кон селото, со градежна и земјоделска механизација беа направени заштитни појаси околу загрозените подрачја. Непристапниот терен ја отежнуваше интервенцијата, па доброволните пожарникари со теренски возила стигнуваа до најкритичните точки.

„Теренот не е пристапен за камиони и цистерни на ТППЕ, затоа ние излеговме со нашите теренски возила. Го држиме огнот под контрола“, изјави Зоран Младеновски од Доброволното противпожарно друштво.

Во гаснењето на пожарот учествуваа 18 пожарникари, 14 доброволци и жители на селото Долани, како и ер-тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување.

За само неколку дена, ова е трет голем пожар во Штип, што е сериозно предупредување дека сезоната на пожари годинава започна порано. Сè уште се утврдува дали пожарот е подметнат.