Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Пожарите се подметнати, излегоа снимки и докази кои тоа го потврдуваат додека СДСM цинично реагира и прави политички маркетинг

Сведоци сме на зачестени пожари низ државата, за кои според сите индиции,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сведоци сме на зачестени пожари низ државата, за кои според сите индиции, не се последица на природни фактори туку на намерно дејствување и подметнување од страна на човечки фактор, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Најновиот пример, е снимка од Делчево, каде се гледа како лице намерни пали пожар и веднаш потоа бега од местото на настанот. Овие случаи не се изолирани, напротив на повеќе локации се пронајдени натопени дрва и палети со бензин, гуми и ракавици што дополнително го потврдува сомнежот за организирано подметнување. Секојдневно се приведуваат лица, а дел од нив директно или индиректно се поврзуваат со СДСM. Дополнително дека станува збор за смислено сценарио говорат и реакциите на СДСM кои со денови злонамерно ликуваат и собираат политички поени на тема со пожарите. Планот на СДСM за предизвикување хаос не успеа особено во Скопје каде имаше најмногу подметнати пожари. Наместо помош на населението при справувањето со пожарите, СДСM само обвинува и прави политички маркетинг. За разлика од минатото денес има повеќе опрема, подобро обучен персонал и поголема мобилизација. Времето кога се дејствуваше со стара механизација и Фап на Заев од 1975 година заврши. Институциите работат посветено, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните гледаат се и знаат кој работи, а кој саботира. Ги повикуваме надлежните институции да преземат посериозни мерки за сите кои стојат позади овие штетни и опасни активности, додаваат од владејачката партија.