Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Повеќе од 330 портали, телевизии, радија и весници се пријавиле за платено политичко рекламирање за изборите

Повеќе од 330 портали, телевизии, радија и весници се пријавиле за да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе од 330 портали, телевизии, радија и весници се пријавиле за да земат дел од платеното политичко рекламирање за локалните избори.

Од Државната изборна комисија велат дека списокот не е конечен бидејќи барањата се проверуваат, а исто така вечерва на полноќ истекува и рокот за доставување на ценовниците. Според роковникот на ДИК, ценовниците треба да се потврдат и објават на веб-страницата на ДИК најдоцна на 24 август.

Во однос на структурата на медиумите, најмногу од пријавените се интернет портали – дури 257, потоа 43 радиостаници, 33 телевизии и осум печатени медиуми. Од ДИК велат дека овие барања подлежат на проверка од страна на службите во Комисијата, затоа бројката не може да се смета за дефинитивна.

Реклама

Појаснуваат дека печатените медиуми и електронските медиуми – интернет порталите, се должни ценовниците за платеното рекламирање да ги достават до ДИК, Државниот завод за ревизија и Државната комисија за спречување на корупцијата во рок од пет дена од денот на распишувањето на изборите.