Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Повеќе од 40 милиони евра обезбедени преку оперативниот план за вработување за 2026, ќе бидат опфатени над 10.000 граѓани

Повеќе од 40 милиони евра се обезбедени преку оперативниот план за вработување за 2026 година за поддршка на вработувањето, претприемаштвото и развојот на човечкиот капитал. Со планот се очекува да бидат опфатени над 10.000 граѓани. Посебен фокус е ставен на младите.   – Со овој план инвестираме директно во луѓето. Обезбедуваме конкретна поддршка за младите што […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе од 40 милиони евра се обезбедени преку оперативниот план за вработување за 2026 година за поддршка на вработувањето, претприемаштвото и развојот на човечкиот капитал. Со планот се очекува да бидат опфатени над 10.000 граѓани. Посебен фокус е ставен на младите.  

– Со овој план инвестираме директно во луѓето. Обезбедуваме конкретна поддршка за младите што сакаат да почнат сопствен бизнис, за компаниите што отвораат нови работни места, за лицата што имаат потреба од нови вештини и квалификации, како и за ранливите категории граѓани. Нашата цел е економскиот раст да се преточи во нови можности за работа и подобар животен стандард – истакна министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на денешната заедничка прес-конференција со директорот на Агенцијата за вработување, Аднан Ејуп.

Посебен акцент во оперативниот план е ставен на развојот на претприемаштвото и самовработувањето. За оваа намена предвидена е поддршка за над 2.000 лица преку мерките за самовработување, вклучително и за млади лица до 29 години, лица над 29 години и здружување корисници во трговски друштва. Преку овие мерки се обезбедуваат грантови до 615.000 денари за основање сопствен бизнис, како и поддршка до 1.230.000 денари за здружување повеќе корисници во заеднички бизнис. 

Реклама

Годинава се воведуваат и нови мерки, меѓу кои програмата за обука и работно ангажирање пожарникари, пилот-мерката за валидација на стручни квалификации на невработени лица, како и пилот-мерката за стручни квалификации во областа на транспортот и тешките товарни возила во согласност со потребите на пазарот на трудот.

Според директорот на Агенцијата за вработување, оперативниот план е конкретен чекор кон подобрување на можностите за работа и градење поинклузивен пазар на трудот. 

– Овој документ содржи мерки и активности за подобрување на работливоста, особено кај младите. Мерките се приспособени на потребите на нашето општество и економијата и тие се резултат на долгогодишните анализи и консултации на сите засегнати страни – рече директорот Ејуп.

Носител на оперативниот план е Министерството за економија и труд, а неговата имплементација ќе ја спроведува Агенцијата за вработување во соработка со надлежните институции и партнери.