Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Поскапуваат горивата

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,64 отсто во споредба со претходната одлука.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 75 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 77, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 68, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 67,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за за 0,378 денари за килограм се намалува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 38,265 денари.

Реклама

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување  кај бензините во просек за 1,985 отсто, кај дизелот за 1,915 и кај екстра лесното масло за за 1,244 отсто, додека кај мазутот има намалување за 1,246 отсто. Курсот, пак, на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1230 отсто.