Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Порака од претседателката Сиљановска-Давкова по повод еврејскиот празник Јом Кипур

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати порака до претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати порака до претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви и до сите нејзини припадници, по повод одбележувањето на еврејскиот празник Јом Кипур.

– Ви посакам најсветиот еврејски празник – Јом Кипур да го поминете, пред сѐ, во добро здравје, исполнети со радост и љубов. Како празник на покајанието, искупувањето и помирувањето, Јом Кипур е живо сведоштво за еврејскиот светоглед и духовност којашто ја облагородува и нашата заедничка татковина, истакнува во пораката Сиљановска-Давкова.

Верувам, вели претседателката, дека празнувањето на Јом Кипур е уште една убава можност да ја покажеме сплотеноста и силата на вековното меѓусебно почитување и уважување без разлика на верската или етничката припадност.  

Реклама

-Заедно, посветено и бескомпромисно да продолжиме да ја градиме македонската република како демократска и просперитетна држава и да обезбедиме благосостојба на сите наши граѓани, истакнува претседателката во пораката.