Реклама

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Македонија

Порака наша“ од Куманово одбележува 20 години работа, бараат системска поддршка и можности за независно живеење

Здружението Регионален центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“ – Куманово,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здружението Регионален центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“ – Куманово, во соработка со Општина Куманово, денеска организираше панел-дискусијата на тема „Животот со попреченост – предизвици, поддршка и инклузија“. Настанот се организира во рамките на активностите по повод одбележувањето на 20 години постоење и работа на ЗРЦЛИП „Порака наша“ – Куманово. Учесниците во дискусијата кажаа дека целта е да се поттикне отворен дијалог за предизвиците со кои се соочуваат лицата со попреченост и нивните семејства, достапните услуги и можностите за унапредување на институционалната поддршка.

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски во изјавата за медиумите рече дека ги поддржува ваквите настани на кои ги слушаат пораките и како држава и систем да се надминат предизвиците со кои се соочуваат децата и лицата со попреченост и нивните семејства.

-Како држава и како систем, за жал со години некои работи не биле подиганти во самиот систем за социјална заштита. Денеска правиме многу исчекори ќе видите за кратко време во самите измени на законот за социјална заштита каде што се од дел од овие барања веќе и ќе бидат во самата измена законот. Дел од законот за заштита на децата и тој денеска веќе ќе биде во рамките на ставено во владина процедура каде што дел дали паричната бенефиција или некакво системско решение да го помрднеме, да им олеснимее на самите родители и старатели во целиот процес – рече министерот.

Реклама

Тој кажа дека работите нема да се сменат „преку ноќ“, посочувајќи дека барањата на родителите на воведување слично законско решение како во Србија родител/ негувател се разгледува и во македонскиот систем. Како што изјави, на маса се ставени сите „за“ и „против“ аргументи на стручните лица, има и други опции во системот на социјална заштита, во моментов какоо поддршка на самите семејства. Тој најави дека сите барања ќе бидат разгледани.

– Работиме забрзано и за многу брзо време и ваквите форми меѓутоа и сите други алтернативни форми како мали групни домови, поддршка од таков тип на нашите сограѓани ќе бидат можност за користење во секоја општина. Денеска тоа не е принципи, не е застапено насекаде подеднакво, не сите ги имаат истите права. Тоа ни е крајната цел да има добар систем којшто ќе понуди можат не е систем којшто едни ќе бидат привилегирани ќе имаат можност а другите нема да имаат така можност како родители старатели во самиот процес – рече министерот.

Одговарајќи на прашања за отварање на мали групни домови, ресорниот министер кажа дека како систем и како држава ќе ја прифатат иницијативата која произлегува од „Порака Наша“. Тој потенцираше дека и денеска е разговарано с претставниците на општината, бидејќи министерството не располага со соодветни простории, да се наменат за овие иницијативи.

– Бидејќи министерството не располага со просторни услови како имот, меѓутоа општините располагаат и има такви простори коишто би можеле да се искористат за таква намена, очекуваме дека набрзо ќе пристигнат конкретни предлози од самите општини коишто потоа тие простори ќе бидат употребени, реконструирани, првично опремени, а потоа употребени токму за една ваква намена. Сите приватни провајдери коишто имаат ваква можност и се чувствуваат спремни дека можат да дадат вака поддршка на нашите корисници во Македонија ги поддржуваме максимално такви се „Порака Неготино“, крик во Скопје и многу други коишто се јавиле во системот ги поддржуваме директно за токму овие корисници да имаат 24 часовно живеење, ако нивните родители не може да се грижат за овие деца или лица с попреченост – рече Велковски.

Здружението „Порака наша“ од Куманово во иднина се надева дека ќе ја прошири својата дејност со услуга за независно живеење на лицата со попреченост, што го посочува како една од најголемите потреби на своите корисници. Психологот Јелена Стаменковиќ од здружението, рече дека здружениет е лиценциран давател на социјални услуги од 2020 година, односно обезбедува услуга за рехабилитација и реинтеграција на лица над 18 години со интелектуална попреченост.

– За нас 20 години постоење се големо достигнување. Сметам дека „Порака наша“ постигна многу во изминатиот период, но најголемото прашање и наша желба е независното живеење на лицата со попреченост. Сакаме да им ја овозможиме и таа поддршка на нашите корисници, изјави Стаменковиќ.

Во моментов здружението има 20 корисници, а со лиценцата е ограничено на вкупно 24. Од наредната година планираат да ја искористат можноста за прием на уште четири лица. Таа информираше дека постои и неофицијална листа на чекање но приемот се врши преку Центарот за социјална работа, по проверка дали заинтересираните ги исполнуваат законските услови за користење на услугата. Стаменковиќ посочи дека можностите за проширување на тимот и вработување дополнителен кадар зависат од отворањето нови услуги и од пропишаните стандарди и протоколи за нивно спроведување. Од здружението очекуваат во наредниот период да се отвори можност за развивање услуга за независно живеење во Куманово, при што „Порака наша“ би можела да се вклучи како давател на социјалната услуга.

Снежена Трајковска, дипломиран педагог и родител на дете со Даунов синдром, посочи дека семејствата секојдневно се соочуваат со недостиг од соодветна грижа и поддршка, особено кога родителите се вработени. Таа изјави дека едно од најголемите барања на родителите на деца со попреченост е воведување статус родител-негувател, по примерот на Србија.

-Некогаш не ни се потребни повеќедневни центри, туку едноставно некој да ни ги чува децата. Јас и сопругот работиме и не можеме да го користиме ниту правото на скратено работно време. Се снаоѓаме како знаеме и умееме, изјави Трајковска.

Таа посочи дека семејната поддршка со текот на годините се намалува, а родителите остануваат без блиски лица на кои можат да се потпрат во секојдневната грижа за децата. Таа нагласи дека воведувањето статус родител-негувател е едно од приоритетните барања, но дека семејствата имаат и други потреби за кои очекуваат системски решенија.

На денешната панел-дискусија дебатираа и Оливера Станковиќ од Заводот за социјални услуги, Проф. д-р Владимир Илиевски, Марија Стоилковска, политиколог и лице со попреченост и Ивана Ѓорѓиевска, претседателка на Советот на Општина Куманово.