Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Балкан

Поради невремето морето се излеа во Солун, бура на Крф, Лезбос и Хиос

Невремето предизвика хаос и во Грција. Морето се излеа во Солун, додека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Невремето предизвика хаос и во Грција. Морето се излеа во Солун, додека бура и силни дождови ги погодија Крф, Лезбос и Хиос, оставајќи зад себе поплавени улици, паднати дрвја и прекини на струја.

Морето се искачи за половина до еден метар и за неколку минути ги покри шеталиштата во населбата Каламарија во Солун. Видео-снимките покажуваат како водата навлегува во деловни простории, паркинзи и крајбрежни патишта, без силен ветер и без дожд. Некои сведоци велат дека водата „го преминала брегот“ за само неколку минути. Покачувањето предизвикало краткорочен сообраќаен хаос. Нема официјална проценка на штетата, но општината веќе побара прогласување вонредна состојба.

Силни врнежи ги погодија и островите Лезбос и Хиос. Жителите внимателно ги следат предупредувањата, а локалните власти апелираат на претпазливост поради можни нови нестабилности.

Реклама

Островот Крф беше погоден од силна бура. Грчката ЕРТ објави дека ветровите оштетиле покриви, собориле дрвја и предизвикале прекини на струја. Торнадо однесе киоск и ќерамиди од куќи и деловни објекти. Пожарникарите и цивилната заштита интервенираа во северниот дел на островот.