Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Пониските цени на горивата и даваат простор на Владата полесно да „дише“ во однос на останатите цени

Анализата на цените на основните прехранбени производи ќе покаже дали има потреба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Анализата на цените на основните прехранбени производи ќе покаже дали има потреба од носење мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните. Извештајот на Државниот пазарен инспекторат кој го подготви Министерството за економија се разгледува на владина седница и по негово детално проучување, Владата ќе ги знае следните чекори кои ќе ги преземе. Дел од мерките кои се разгледуваат како можни опции се намалување на ДДВ-то на основните производи и ограничување на профитната маржа на трговците.

„Очекувам да го добијам извештајот и да го анализираме овие денови многу внимателно и дури тогаш ќе излеземе со одредени мерки. Сакаме тие овој пат да бидат микротаргетирани“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Опозицијата неосновано обвинува дека Владата доцни со мерките – дециден е премиерот. Наведува дека Македонија прва посегнала по намалувањето на ДДВ-то кај горивата од 18 на 10%. Токму оваа мерка е една од сетот кој Европската Комисија ќе го разгледува за државите членки да го применат во најкраток можен рок.  

Реклама

„Сега гледаме дека претседателката на Европската комисија тоа јавно го говори дека сите земји членки на Европската унија треба да ги намалуваат даноците на додадена вредност за дизел горивата и бензините затоа што екстремно се високи цените на овие производи. Така што, дури и овие параметри не им одговараат на СДСМ „во земјата на лагите“ – рече Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Инаку, Државниот пазарен инспекторат досега направил контроли во над 800 продажни места. Инспекторите направиле проверки на производители, увозници, дистрибутери, локални продавници и ланци на маркети. Се проверувале цените на основните прехранбени прозиводи, средства за лична хигиена, средства за чистење, како и детска и бебешка храна и други детски производи. Анализата треба да покаже дали и колку тие поскапеле на почетокот на април, споредено со февруари годинава. Бизнисот и аналитичарите бараат построги контроли и секторски и таргетрирани мерки.