Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Поништен тендерот со „Ѓока Констракшн“ која требаше да стопанисува со паркингот на Клинички

Со паркингот на Клинички центар дефинитивно нема да стопанисува фирмата „Ѓока констракшн„.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со паркингот на Клинички центар дефинитивно нема да стопанисува фирмата „Ѓока констракшн„. Тендерот на кои е избрана оваа фирма е поништен од страна на Министерството за здравство открива министерот Таравари. Како алтернатива сега на маса се ставени две нови опции – првата е ЈП Градски паркинг да изгради две катни гаражи и да ги управува, а втората е тоа да го направи Службата за општи и заеднички работи при Клинички центар.Здравствените власти повикуваат и други заинтересирани да понудат решенија како да се реши хаосот со паркинг просторот а цената да не биде висока.

Директорот на “Градски паркинг” не одговори на нашите повици ниту на смс пораките – дали ќе ја прифати понудата на Министерството за здравство.

Таравари вели дека нема време за губење и час поскоро треба да се реши проблемот со паркингот, затоа што тоа е болна точка за секој кој има потреба на клиниките.

Реклама

Инаку, „Ѓока Констракшн“ беше единствена компанија која се јавила на повикот за јавно-приватно партнерство за паркингот на Клинички.  Но поради бурните реакции од јавноста, надлежните одлучија да се поништи тендерот и да се бара друго решение.

Неколку министри за здравство повеќе од 10 години ветуваа решавање на паркирањето во Клинички со изградба на катни гаражи. Но освен физибилити студии и најави, на терен состојбата од ден на ден е се полоша.