Реклама

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

Македонија

Полуфинален настан на „Средношколец милионер“

Во просториите на Бреинстер НЕКСТ колеџот во Скопје денеска и утре ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во просториите на Бреинстер НЕКСТ колеџот во Скопје денеска и утре ќе се одржат полуфиналниот и финалниот настан на најголемиот средношколски бизнис натпревар во државата – „Средношколец милионер“.

Како што информира организаторот на настанот, по рекордните над 34.000 гласови од јавноста на вебсајтот http://milioner.mk и огромниот интерес низ целата држава, утре избраните 20 најдобри тимови ќе го одржат својот 90-секунден elevator pitch пред основачот и извршен директор на Бреинстер групацијата, Петар Ниновски, во битката за влез во финалето и најдобрите Топ 10 идеи.

Настанот вклучува подготовка за презентациите на 20-те полуфиналисти, 90-секундни „elevator-pitch“ презентации на сите полуфиналисти и избор на Топ 10 идеи кои одат во големото финале во недела пред реални инвеститори, во кое ќе се борат за наградата од 1.000.000 денари.

Реклама

Настанот е дел од иницијативите со кои Бреинстер ја спроведува својата визија за подобрување на бизнис климата, претприемачкиот екосистем и кадровските капацитети во Македонија во време на новата технолошка револуција, и конкретно, ги охрабрува младите да развиваат препознатливи бизнис идеи со реален потенцијал, поддржани од ментори, претприемачи и бизнис лидери.