Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Полицијата во директна битка со нарко картелите – акција во Арачиново, Чаир и Грчец

Полицијата влезе во директна битка за разбивање на македонските нарко картелите. Добро…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полицијата влезе во директна битка за разбивање на македонските нарко картелите. Добро опремени и вооружени полициски сили синоќа влегоа во осилото и упаднаа во Арачиново, Чаир и Грчец – места кои се сметаат за главни бази на опасните криминални банди, како „Беланоца„, „Барон“, „Дуќанџик“ и „Грчец“”.

МВР беше принудено да ја избрза акццијата, односно да ги испрати своите специјални сили два дена пред превиденото затоа што некој ги пробил информациите и почнал да им дојавува на картелите дека полицајците се подготвуваат да ги кршат нивните врати. Сепак, и покрај ваквата саботажа, со лисици на рацете засега завршија најмалку седум членови на клановите, кои се поврзани со серија тешки кривични дела – од свирепи убиства, трговија со дрога, до кражби. Дел од уапсените признале дека направиле тежок криминал.

Координираната акција на единици на МВР, која се спроведуваше на повеќе локации низ Скопје и низ Македонија, и чија цел беа членовите и командантите на „Беланоца„, „Барон„, „Дуќанџик„ и „Грчец„ беше закажана за утре, но поради тастерите полицијата мораше да ја спроведе синоќа. Се шпекулира дека информаторот на клановите бил синот на поранешен функционер на ДУИ, кој моментално живее во Труција.

Реклама

Синот, но и таткото, кој според досегашните информации претходно имал и повеќе државни фунцкии да бидат опфатени со истрагата. како што е познато, токму за протекување доверливи информации за акции кои ги планира МВР пред околу еден месец беа уапсени двајца пензионирани полицајци кои им дојавувале на криминалците кога полицијата планира да ги апси.

Акцијата на полицијата се уште трае и во потрагата по бегалците се користат и  дронови за да се надгледуваат критичните локации во Скопје. Целта на оваа акција е да се уништи мрежата на мафијата која активно дејствувала не само во главниот град и македонија, туку и надвор од границите.

Со овие кланови се поврзуваат повеќе нарачани убиства и пресметки на криминалните банди. Меѓу нив трите неуспешни обиди за ликвидација на Рде Трајковски Штекли, нарачаното убиство во Шиша Бар каде одекнаа рафали, а напаѓачите ги изрешетаа Јетон Кривањева и Енис Исеини. И убиството на Орхан Бајрами – Оки во Грција.

Властите велат дека оваа акција е само почеток на серијата операции кои ќе се спроведуваат во наредниот период за сузбивање на овие криминални банди.