Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Економија

Покачувањето на минималецот ќе биде прва точка на седницата на Економско-социјалниот совет

Синдикатите го притиснаа новиот министер за економија и труд Бесар Дурмиши за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Синдикатите го притиснаа новиот министер за економија и труд Бесар Дурмиши за повисоки плати. Нивното барање за пораст на минималната плата на 450 евра во првите 100 дена од новата Влада ќе биде прва точка за расправа на првата седница на новиот состав на Економско-социјалниот совет. Дурмиши вели дека тој како нов претседавач со советот ќе разговара за ова со сите заинтересирани страни и со работниците и со газдите. Засега нема најави дали за покачување на минималните плати во администрацијата би се нашле пари со ребаланс на буџетот.

„Во рамките на економско-социјалниот совет, со кој сега ќе претседавам јас како министер за економија и труд, кое е највисоко тело составено од претставници и од синдикатите, и од работодавците, и од Владата, ќе почнеме дијалог за сите отворени прашања и од страна на синдикатите и од страна на работодавците. Со реорганизацијата што се прави сега со новата Влада ќе се формираат нови членови и ова прашање на првиот состанок ќе биде ставено на маса за дискусија. Како Влада од особено значење ни е социјалниот дијалог, односно вклучување на сите засегнати страни при креирање на новата мерка за ова прашање. Мора да ги имаме предвид интересите на работниците, но и интересите на бизнис-секторите“ – рече министерот Дурмиши.

Синдикатите не отстапуваат од барањата. Алармираат дека минималецот во Македонија е најмал во регионот. Бараат раст на платите веднаш.

Реклама

„Сведоци сме дека платите на работниците се зголемуваат минорно, со забавено темпо и несоодветно на инфлацијата и зголемените трошоци на живот или воопшто не се зголемуцваат, а функционерите си обезбедија пораст на платите од енормни и незаслужени 78%“ – велат од ССМ.

Дурмиши ветува и дека ќе работи на забавување на инфлацијата која во мај изнесуваше 4,5%. Ќе разговара со производителите и стопанските комори за да се изнајдат нови можности за справување со растечките цени. Очекувањата беа дека листата од 1.600 производи со намалени трговски маржи и Законот за нефер трговски практики од септември треба да ги дадат посакуваните ефекти за намалени цени на прехранбените производи. Засега не се знае дали оваа листа ќе биде проширена со нови производи.

Дурмиши најави и ревизија на досегашното работење на министерството коешто го презеде. Последната ревизија била направена пред 9 години.