Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Економија

Поевтини синдикалната кошничка за два месеци

Минималните трошоци за живот на едно четиричлено семејство за два месеци се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Минималните трошоци за живот на едно четиричлено семејство за два месеци се намалени за над илјада денари. Сојузот на синдикати на Македонија објави две минимални синдикални кошнички, што покажуваат дека трошоците во март биле помали за 1900 денари споредено со февруари. Во април пак има зголемување од 836 денари споредено со март годинава. Тенденција на намалување се забележува кај издатоците за храна и пијалоци од речиси две илјади денари во последниве два месеци. Од Синдикатот потврдуваат дека на семејствата им требаат помалку пари за храна и пијалоци додека траат мерките за ограничени маржи, но сепак сметаат дека тоа не е доволно. Затоа бараат поригорозни контроли за надзор на трговците кои ја злоупотребуваат мерката.

За храна и пијалоци на едно четиричлено смејство му требаат 21.480 денари месецов. Тоа е повеќе од третина од фамилијарниот буџет според пресметките на синдикатот. Оттаму велат дека калкулацијата на минималните трошоци е показател дека на Македонците не им стигнуваат ниту две и пол минимални плати за да го преживеат месецот и дека е оправдано барањето за зголемување на минималната плата на најмалку 500 евра, како и дополнително зголемување на сите останати плати за најмалку 100 евра.

Владата ќе креира просечна кошничка која ќе вклучува просечно тричлено семејство. Од министерството за економија веќе информираа дека кошничката е готова и е врз база на податоците од државниот завод за статистика и пазарен инспекторат. Што точно содржи засега нема конкретни детали, но се знае дека нема да има алкохол и цигари, а нема да биде ставена ставка за одмор во странство. Министерството за економија објасни дека владината кошничка ќе служи како урнек за креирање на мерки за заштита на животниот стандард.