Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Економија

🎥 Поевтини кредити и поврат на ДДВ – опции за купување прв стан

За неколку недели ќе се знаат мерките кои ќе ги преземе Народната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За неколку недели ќе се знаат мерките кои ќе ги преземе Народната Банка за помош на младите да дојдат до својот прв дом. Гувернерот Трајко Славески им ги презентирал предлозите на деловните банки, по што треба да се донесе одлука. Една од опциите на Владата што ја поддржува Славески е поврат на ДДВ за младите кои купуваат прв стан исклучиво за живеење, не за инвестирање. Народната банка прави анализи како да им помогне на младите парови и самци полесно да стигнат до прв дом, но и како да спречат злоупотреби врз пазарот со недвижности. Славески вели, во развиените земји се прави разлика меѓу условите за кредитирање на станови за живеење и оние за инвестирање.

„Јас би поддржал мерка за поврат на ДДВ за лицата што првпат купуваат стан. Ние оставивме простор од 3 недели. Им ги доставивме нашите идеи на банките, добивме нивни размислувања. Некои прифативме, некои не можеме, што е сосема нормално, затоа што тргнуваме од различни позиции. Тие си го гледаат сопствениот интерес, но интерес на банките е и да го намалат ризикот при кредитирањето“ – вели Трајко Славески – гувернер на Народна банка.

За да има точни податоци околу цените на становите, клучна е улогата на Катастарот. Директорот Живковски вели дека до крајот на септември повторно ќе се воспостави Регистарот на цени и закупнини, за точно да се знае цената при купопродажбата на некој објект. Овој регистар кој треба да ги содржи трансакциите со недвижен имот беше воведен уште во 2015-та година, но престана да функционира пред неколку години. Од Катастарот велат дека се прават последните подготовки за да се обезбедат точни податоци, бидејќи имало големи разлики помеѓу цените во преддоговорите за време на ковид кризата и цените по кои сега се продаваат становите.

Реклама

„Во општина Центар, во 2021, 2022 година, цените во истите преддоговори се движеле од 1.400, 1500, 1.600 евра за метар квадратен, а сега на нас ни доаѓа главен договор, врз основа на тој преддоговор, но реалноста е дека ако сакате да пристапите кон склучување на преддоговор за склучување на недвижен имот во општина Центар, износите изнесуваат од најмалку 2.000 до 2.700, 2.800 евра“ – вели Иван Живковски – директор на Агенција за катастар.

Министерството за финансии, пак, прави анализи дали од Нова Година ќе остане повластената стапка од 5% за купување стан или ќе се врати старото решение од 18%. Градежниците веќе најавија дека ќе побараат да остане во важност стапката од 5%, бидејќи на крај, поголемиот данок ќе падне на грбот на купувачите. Освен услугите и храната, и цените на недвижностите ја подгреваат инфлацијата. Гувернерот вели дека до крајот на годината ќе се прават напори и мерки, за инфлацијата да падне под 3%.