Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Подготовки за државна матура – надлежните ќе направат сѐ за да нема препишување

Македонија има умни глави, но потенцијалот со кои располагаме, мора да го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија има умни глави, но потенцијалот со кои располагаме, мора да го мотивираме. Со препишување на државната матура, само им правиме лоша услуга на матурантите, порача министерката за образование, Весна Јаневска. Во тек се подготовките. Матрејалите се изготвуваат, а веќе  се прецизирани и местата за полагање. Во оние училишта каде нема доволно простор, односно не може да се запази критериумот 1.30метри растојание меѓу учениците ќе се полага во универзитетските амфитеатари. Мобилните телефони се строго забранети, се со цел да нема препишување.  

„Ова е прилика да повикам на свесност  и на учениците, на родителите и тестаторите дека овозможувајќи и на учениците, народски кажано, да препишуваат им правиме штета, а не добро. Нашето обрразование е на ниско ниво, би рекла, па и со лош квалитет и ние тоа треба да го подобриме. Иднината на Македонија, е во умните глави. Ги имаме доволно, само треба да ги мотивираме„ изјави министерката за образование, Весна Јаневска.

Во однос на партиските состаноци на СДСМ, кои се одвивале во училиште во Струмица, министерката, рече дека ваквите појави се најстрого забранети и со ова  само пожуват дека приоритет им  е партиските состаноци да бидат повидливи отколку подобувањето на училишната инфраструктура.  Јаневска, во Штип, направи увид во пректот едносменско работење, како и во новите  простории  адаптирани за целодневна настава за над осумдесет ученици.

Реклама

„Четири простории се реконструираа, заедно со тоалетите и ходниците. Но, не е само оваа инвестиција што ја реализираме со МОН. Сакам да најавам дека проектот за реконструкција на кровната конструкција на Гимназијата „Славчо Стојменски„ наскоро ќе започне. Исто така е предвидено и реконструкција на спортската сала во ООУ„Димитар Влахов„ изјави градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

Што се однесува до проектот едносменско работење, во моментот во државата над 151 училиште работат во една смена, додека 245 се уште се досменски. За целосно да се имплементира овој проект треба да бидат изградени уште 300 училници низ целата држава.