Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Почна жетвата на пченицата

Почна жетвата на пченица во државата. Се очекува овогодинешната реколта на пченица…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почна жетвата на пченица во државата. Се очекува овогодинешната реколта на пченица да даде добар род и квалитетно зрно. Според првичните анализи во просек треба да се жнее околу 3.000 килограми на хектар. Но и покрај најавата за добар род, Македонија, повторно нема да ги задоволи потребите и ќе мора да увезува од странство.

„Очекуваме да имаме околу 160.000 до 180.000тони производство на пченица, а нашите потреби се многу поголеми, односно ќе немаме ни пола од она што ни е потребно и ќе мора да увезуваме„ изјави Ѓорги Каракашев, од Националната мрежа на земјоделци. 

При крај е жетвата и на јачмен. Се жнеат  од 300 до 350 килограми по декар. Јачменот се откупува по 9,5денари за килограм, а вчера министерот за земјоделство инфрмираше дека е постигната откупна цена за пченицата. Килограм ќе се откупува по нето цена од 12 денари.

Реклама

„Сите оние кои во наредниот период ќе имат предавање на пченица од реколта 2024/2025 согласно кажаното принос и квалитет оваа година мелничарите ќе ја откупуваат пченицата од прва и втора категорија,во прва категорија, бидејќи како што потенцирав квалитетот е одличен. Откупната нето цена за пченицата ќе биде 12 денари, плус дополнителните трошоци кои следуваат „ изјави вчера министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски.

За житопроизводителите оваа цена е неприфатлива, бидејќи е далеку пониска од производната цена изготвена уште во 2023 која се движи околу 19денари за килограм пченица. Од Националната мрежа, барат државата да интервенира во исплатата на разликата помеѓу производната и откупната цена. Во реколта 2024/2025 под житни култури се засеани 152.080 хектари, од кои 70.000 се со пченица.