Реклама

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Јаневска: резултатите од реформите ќе се видат за пет до шест години години

13-годишникот кој со нож прободе врсник нема кривично да одговара, неговиот постар брат оди во притвор

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Македонија

Почна со работа нафтоводот Солун – Скопје 

На последниот ден од годината беше пуштен во функција нафтоводот Солун –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На последниот ден од годината беше пуштен во функција нафтоводот Солун – Скопје, соопшти вчера извршниот директор на „Хеленик енерџи“, Андреас Сиамисис, говорејќи на настан на компанијата, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, а информацијата дека нафтоводот почна со работа, ја потврдуваат и извори од грчката компанија.

Нафтоводот Солун – Скопје повторно функционира по 13 години неактивност, веќе била испорачана првата пратка, а според истите информации, во следниот период ќе следува и втората.

Извршниот директор на грчката компанија на вчерашниот настан истакнал дека во суштина станува збор за еден вертикален коридор за снабдување со традиционални производи, со оглед на тоа што нафтоводот ќе пренесува дизел-гориво, кое е основниот производ во поширокиот регион.

Реклама

Дополнително, според АНА-МПА, посочил дека работењето на нафтоводот ги олеснува извозите не само кон Македонија туку и кон соседните пазари, како Косово, јужна Србија и Бугарија, со што се зајакнува геополитичкото влијание на земјата во регионот.

Но, и дека се намалува значителниот сообраќаен метеж и оптоварувањето на животната средина во Солун, поради сообраќајот на цистерни, преку кои се вршеше снабдувањето во изминатите 13 години, односно во периодот кога работата на нафтоводот беше прекината.

Премиерот Христијан Мицкоски на крајот на ноември рече дека Владата ги презема сите чекори за ставање во функција на продуктоводот, кој со години не е во функција, и најави дека се очекува нафтоводот да почне со работа.

– Ние како држава ги спроведуваме сите чекори тој продуктовод, кој со години беше уништуван и кој беше конзервиран, да биде ставен во функција. Траат испитувањата, мислам дека е веќе завршено. Треба да почнат пробите на притисокот, ако не се веќе и почнати. Знам дека на Влада помина и ценовникот, така што очекувам оваа година тој продуктовод да биде ставен во функција – изјави Мицкоски на крајот на ноември и посочи дека по ставањето во функција на продуктоводот од Солун до Скопје, компаниите се тие кои, доколку најдат интерес, да го користат, бидејќи како Влада не може да го водат бизнисот на сметка на приватните компании или акционерски друштва.

Пред две години, во интервју за „Катимерини“, извршниот директор на „Helleniq Energy“, Сиамисис, говорејќи за нафтоводот посочи дека може годишно да пренесува 2,5 милиони тони сурова нафта и нафтени деривати (дизел, керозин и бензин). 

Нафтоводот беше неактивен од 2013 година, а од 2020 година се интензивираа напорите кога беше формирана заедничка комисија за да изнајде области на поклопување меѓу инволвираните страни, во поповолна средина, за повторно да биде ставен во функција.