Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Почна машинското миење на булеварите и поголемите скопски улици

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје викендов почна со сезонското машинско миење на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје викендов почна со сезонското машинско миење на булеварите и поголемите скопски улици со употреба на автоцистерни. Активностите ќе се одвиваат во доцните вечерни часови кога е намалена фреквенцијата на возила и пешаци на улиците.

– Машинското миење се реализира со цел одржување на највисокото ниво на хигиената и чистотата на јавните и на сообраќајните површини во градот и значително придонесува за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух – соопшти претпријатието.

Воедно, информира дека во текот на викендот непознати сторители опожариле четири сада за одлагање отпад лоцирани на улицата Невена Георгиева-Дуња, во скопската општина Кисела Вода. Сите опожарени контејнери се целосно уништени и неупотребливи. За да не се наруши динамиката на одлагање, собирање и транспорт на комуналниот отпад, опожарените садови се заменети со нови во најкус можен рок.

Реклама

Според ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, во 2025 година биле запалени вкупно 27 сада наменети за одлагање на комуналниот отпад, а само од почетокот на годинава се опожарени 11 контејнери.