Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Економија

Почна изградба на улицата „Бајрам Шабани“ во Куманово

Општина Куманово започна со целосна реконструкција на улицата „Бајрам Шабани“, каде во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Куманово започна со целосна реконструкција на улицата „Бајрам Шабани“, каде во тек се активности за поставување бетонски рабници и изградба на нови тротоари, по што ќе следува асфалтирање на целата улица, информираа денеска од општината. Градоначалникот Максим Димитриевски соопшти дека средствата за реализација на проектот за реконструкција на улицата се обезбедени преку вториот владин повик од унгарскиот кредит.

-Започнавме со целосна реконструкција на улица „Бајрам Шабани“. Во тек се активности за поставување на бетонски рабници и изградба на нови тротоари, по што ќе следува асфалтирање на целата улица. Претходно успешно е завршена и изградбата на атмосферска канализација во должина од над осумстотини метри. Средствата за реализација на овој проект Општина Куманово ги обезбеди преку вториот владин повик од унгарскиот кредит. Продолжуваме посветено да инвестираме во подобра инфраструктура и поквалитетни услови за живот за сите граѓани- соопшти Димитриевски.

Како што е објавено на електронскиот систем за јавни набавки, за оваа инвестиција одвоени се над 19 милиони денари.

Реклама

Од Општина Куманово апелираат до граѓаните да бидат внимателни и трпеливи за време на изведувањето на градежните работи на оваа како и на  улицата „11 Октомври“, поради изменет режим на сообраќај. Претходно, како што брифираа од општината започнаа и градежни активности за реконструкција на водоводната мрежа на дел од улицата „11 Октомври“, на потегот од улицата „Гоце Делчев“ до улицата „4 Јули“.