Почнувајќи од денес, па сѐ до 5 септември, студентите кои веќе го имаат, како и тие кои ќе го стекнат тој статус во претстојната академска година, можат да аплицираат за субвенционираниот студентски оброк.
Износот е 140 денари, а со нив студентите на дневна основа, освен во недела и на државни празници, треба да купуваат приготвена храна. Пријавувањето е онлајн, преку порталот УКСУГИ на МОН. Заинтересираните треба да се државјани на Македонија и да не остваруваат месечен приход кој ја надминува минималната нето-плата во тековната година.
Како што се наведува во соопштението од Министерството за образование, на повикот можат да се пријават сите редовни студенти запишани на прв циклус, односно втор циклус на студии, како и на интегрирани студии на јавните и приватните универзитети во државата. Студентите кои ќе го минат филтерот ќе добијат бесплатна наменска платежна картичка.
