Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Почина помошник-директорот на Царинската управа Марјан Тасевски

Почина помошник-директорот на Царинската управа Марјан Тасевски. Министерката за финансии Гордана Димитриеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почина помошник-директорот на Царинската управа Марјан Тасевски. Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на својот Фејсбук профил напиша дека тој бил исклучителен професионалец, посветен на работата.

-Со голема тага се простуваме со голем професионалец, помошник директор на Царинската управа, Марјан – смирен, скромен и посветен, кој секогаш работеше со срце и знаење. Неговото ненадејно заминување е голема загуба и за институцијата и за сите нас кои го познававме. Пред една недела посветено до доцна во ноќта работеше на последните измени на Уредбата за спроведувње на царинскиот закон. Но не само последните измени. Со месеци работевме заедно. Ќе го паметам како тивок човек кој имаше свој став и не отстапуваше. Како што тивко влегуваше во мојот кабинет, така тивко и не напушти. И покрај олујата која беснеела во него не слушнавме ни оф да каже. Нека ти е светол патот драг Маријан. Криво ми е што не успеав да ти кажам колку многу ти верував и колку многу ми значеше што имав во својот тим таков човек како тебе, полн со знаење, искуство и пред се став и достоинство, напиша Димитриеска Кочоска.

Министерката Димитриеска-Кочоска изрази искрено сочувство до неговото семејство.