Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Свет

Почина Доли Партон, легендата на кантри музиката

На 80-годишна возраст почина Доли Партон, една од најголемите ѕвезди во историјата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На 80-годишна возраст почина Доли Партон, една од најголемите ѕвезди во историјата на кантри музиката. Веста ја објави нејзиниот внук Брајан Сивер на Инстаграм, а според нејзиниот претставник, Партон починала мирно во својот дом во Нешвил.

Партон минатата година ги откажа најавените настапи во Лас Вегас поради здравствени проблеми, а подоцна не присуствуваше ниту на доделувањето на Гувернерските награди, каде што требаше да ја прими почесната хуманитарна награда „Џин Хершолт“.

Нејзината кариера траеше повеќе од шест децении. Од скромното детство во Тенеси, Партон се издигна до светска музичка и филмска ѕвезда. Автор е на некои од најпознатите кантри песни, меѓу кои „Jolene“ и „I Will Always Love You“, а светски успех постигна и со „9 to 5“.

Реклама

Во кариерата продаде повеќе од 100 милиони албуми и освои 11 награди „Греми“, вклучително и признание за животно дело.

Покрај музиката, Партон беше успешна актерка, бизнисменка и филантроп. Нејзината фондација „Доливуд“ и проектот „Библиотека на имагинацијата“ обезбедуваат поддршка и книги за деца ширум светот.

Доли Партон зад себе остави музичко наследство кое со децении ги надминува границите на кантри жанрот.