Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Прилози

По само еден ден, ново убиство – 37-годишен гостиварчанец е осомничен дека дома го убил сопствениот татко

Ново убиство повторно ја потресе Македонија. За неполни 24 часа откако јавноста…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ново убиство повторно ја потресе Македонија. За неполни 24 часа откако јавноста беше шокирана од веста дека син ја убил сопствената мајка, сега пристигна информација дека исто така син го убил сопствениот татко. Полицијата во два часа по полноќ уапси 34-годишен гостиварец под сомнение дека во семејниот дом го убил својот 63-годишен татко. На тоа ги навела пријавата од друг член на семејството, кој се посомневал дека некој бил убиен, но и трагите на насилство кои биле пронајдени на телото на починатиот.

Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот и во куќата е пронајден починат 63-годишен маж со иницијали К. Д., со видливи повреди и траги од насилство во пределот на главата, по што, поради сомнение дека се работи за убиство, од слобода е лишен неговиот син. Според првичните изјави на осомничениот, татко му починал претходниот ден околу 14:50 часот по пад во купатило, но случајот не го пријавил кај надлежните служби“, информираат од МВР.

Неофицијално, осомничениот гостиварчанец во својата првична реакција тврдел дека татко му сам паднал во кадата, по што починал, но тој не го пријавил случајот во полиција.

Реклама

Ова убиство доаѓа како нов шок, откако јавноста беше потресена само ден претходно, кога дозна дека во Росоман 24-годишно момче си ја убило мајка си додека таа спиела, а потоа самото се пријавило во полиција.

И овие два случаи се само дел од низата трагедии кои ја потресоа Македонија. Месец март се покажа како кобен, а јавноста е длабоко вознемирена од низата трагични настани. Во изминатите недели случаите беа многубројни. Во Зрновци беше пронајден женски труп во распаѓање, на кој му недостасуваа делови од телото. Случајот сè уште се истражува. Во саботата во сопствениот дом беше пронајден мртов 76-годишниот Климе Митрески од Охрид. Осомничен за неговото убиство е Жарко Гроздановски, кој го убил од користољубие. Паралелно со ова, уште еден трагичен случај беше регистриран викендов во Виница, каде беше убиен ловочувар. 80 годишен Грк го убил ловочуварот, а приведени се уште тројца. Јавноста особено ја потресе трагедијата од 2март, кога  младата Ивана изврши самоубиство скокајќи од шести кат со својата ќерка во раце, поради долготрајното насилство од сопругот. За овојо случај, судскиот процес е во тек. Кон крајот на февруари беше откриен и серискиот убиец во Старо Нагоричене, кој се поврзува со повеќе убиства извршени во изминатите две години.