Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

По пожарот во Штипско, апел за поголема заштита на викенд-објектите

Стабилна е состојбата на 69-годишниот штипјанец, кој вчера беше хоспитализиран поради повреди здобиени во големиот пожар над Штип. Од штипската Клиничка болница информираат дека пациентот е подобар, но поради изгореници и интоксикација од чад ќе остане под лекарски надзор и во наредните денови. Обидувајќи се да ја спаси викендицата од огнените јазици, се здобил со […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стабилна е состојбата на 69-годишниот штипјанец, кој вчера беше хоспитализиран поради повреди здобиени во големиот пожар над Штип. Од штипската Клиничка болница информираат дека пациентот е подобар, но поради изгореници и интоксикација од чад ќе остане под лекарски надзор и во наредните денови. Обидувајќи се да ја спаси викендицата од огнените јазици, се здобил со изгореници од втор степен на левата рака и потколениците. 69-годишниот маж во последен момент бил извлечен од опасната зона од страна на пожарникари и граѓани.

„Околу 13:30 часот почна да гори. Јас отидов со моторот, човекот беше внатре. Почна кровот да гори. Влеговме внатре и едвај жив го извадивме. Човекот со кофи истураше вода“, вели граѓанинот Методи Јованов, кој отишол на припомош на пожарникарите и доброволците.

По два дена интензивна борба со пламените јазици, состојбата во Штип е стабилизирана. Во гаснењето учествуваа пожарникари и членови на доброволни противпожарни друштва од Штип, Пробиштип, Кочани, Свети Николе и Кавадарци, кои пожртвувано се справуваа со огнот на тешко пристапниот терен. Со механизација се правеа обрачи за да се спречи огнот, а од воздух дејствуваше и воздухоплов на Дирекцијата за заштита и спасување.

Реклама

„Опожарувањето е во непосредна близина на десетина викенд-куќи и, од она што го имаме како информација, нанесена е штета на три викенд-куќи и едно лице е повредено. Тој е сопственик на една од викенд-куќите“, изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Од Дирекцијата за заштита и спасување посочуваат дека воздухопловите се оперативни и системот е подготвен за справување со нови огнени стихии.

„Во овој момент имаме три оперативни ер-трактори и четири пилоти и сме подготвени за сезоната на пожари. Она што сакам да замолам е граѓаните и пожарникарите да не шират непотребна паника. Сите пожари се страшни кога се гледаат одблизу, но наша задача е да ги гаснеме, а не да шириме паника“, изјави Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

Според првичните информации, пожарите во штипско не се поврзани, иако почнале да се шират од исто место, кај викенд-населбата Плуждино. Едниот најверојатно е предизвикан од гром, а за другиот постојат сомнежи дека е предизвикан од човечки фактор.