Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта. 

Одбележуањето почна со Утрена богослужба, по што беше одржана Божествена Архиерејска Литургија, со која чиноначалствуваше Неговото Преосвештенство, Епископ Антаниски г. Партениј, со која ги поткрепи дебрани  и сите присутни подготвувајќи ги за Великата и страдална седмица и воскресението Христово.

-Благодатта на Светиот Дух нè собра денес сите заедно, возљубени, од различни краишта на нашата мила Татковина, овде, во овој свештен и сечесен храм – паметник на градот Дебар, за да го прославиме големиот празник, Влегувањето на нашиот Спасител, Господ Исус Христос, во Светиот Град Ерусалим и се подготвуваме за најдлабокото таинствено созерцание – за Страсната седмица и за Воскресението. Ви посакувам на сите добра и благословена Страсна седмица и светла и радосна Пасха Господова! Нека сите Христијани во овој свет, разделени по јазици и по народи, се обединат во оваа единствена светлина, во Христа Воскреснатиот, посака владиката Партениј во својата беседа.

Реклама

Посебна радост чувствуваа дебрани, кои се сè во помал број и со носталгија се потсетуваат на некои поранешни времиња, кога во градот живееле многу православни, кои го исполнувале овој божји храм.

-Ние, дебрани се чувствуваме почестени што денеска од цела Македонија се дојдени верници за заедно да ја споделуваме среќата на овој голем празник со кој се најавува спасението на човештвото. Полн храм, насмеани лица. Бескрајно сме му благодарни на нашиот владика Партениј, на братството од Бигорски и сестринството од Рајчица од каде потекнувам и јас, рече за МИА, седумдесетгодишниот Вељо, кој беше со сопруга Јованка.

Исто така радоста ја збогатија членовите на хорот „Козма Пречистански“со изведбата на Лазареви каланди.

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ се наоѓа во старата дебарска населба Варош, во горниот дел на градот,  изградена е во 1840 година и е една од најубавите преродбенски цркви во Македонија, вистински спомен на духовниот и градителски дострел на нашите предци од тој славен период.

-По иницијатива и заложбите на епископот Антаниски г. Партениј и во соработка со црковниот одбор и благочестивите дебрани, врз храмот беа изведени обемни конзерваторски и реставраторски работи, со што беше заштитен неговиот покрив од прокиснување, беа санирани големите оштетувања во внатрешноста, комплетно беше реновиран црковниот трем, беа комплетно возобновени столбовите на храмот, балконот на глаеријата, прозорците, екектричната инсталација, таванските греди, беа зајакнати темелите на храмот и тој е сега целосно заштитен од влага, и исто така, од страна на бигорското братство и раичкото сестринство беше извршено целосно чистење и украсување на црквата, рече Душан Казанџиевски, од Црковниот одбор.

И владиката Партениј посебно го истакна трудот на дебрани кои месеци наназад се грижат да помогнат во реставрацијата на овој божји храм кој некогаш бил главен соборен храм на дебарското архијерејско намесништво, но и седиште на дебарската митрополија, поради што и ден денес просторот пред црквата сите го нарекуваат митрополија.