Реклама

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Прилози

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

По речиси две години заврши целосно конзервацијата и реставрацијата на дваесетте икони…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По речиси две години заврши целосно конзервацијата и реставрацијата на дваесетте икони од 18 и 19 век, кои беа украдени од македонските цркви во југозападниот дел на Македонија и однесени во Албанија. Тие биле само дел од илјадниците предмети кои полицијата во соседната земја пред повеќе од една деценија ги открила во депо во Тирана. Откако било препознаено нивното потекло, тие биле донесени во Македонија, а оттогаш грижата за нив ја презеде Националниот конзерваторски центар. Иконите биле во исклучително лоша состојба. Дел од нив биле сечени, а им биле отстранети и натписите со имињата на светителите, па македонските конзерватори се соочиле со потешкотии да ги вратат во нормална состојба.

„Во Албанија е откриено депо со предмети од културно-историско значење. Во тоа депо има илјадници предмети за кои албанската полиција препознава дека не се само од Албанија, туку и од регионот, од Грција, западна Македонија, па и од самата Албанија. По откривањето, ги известува соседните држави, согледувајќи дека предметите не потекнуваат само од Албанија, и упатува барање до соседните држави. Полициите соработуваат, но тие не можат да го препознаат криминалот и логично е да побараат помош од стручни установи. Тука се вклучуваме ние со целиот документациски и човечки ресурс и се доаѓа до овие резултати“, изјави Александар Јордановски – директор на Националниот конзерваторски центар.

„Морам да признаам дека беа страшно многу оштетени, барем некои од нив. На пример, би го земала оштетувањето на двете крила од царските двери, кои беа сечени на шест дела, веројатно за полесно да се крадат. На предната страна од иконите беа оштетени идентификациските натписи на светителите, насилно отстранети. Беа вршени нестручни боени интервенции од непознати лица, во непознат период, и многу други работи, за кои споменав. Еве, извадени беа и регистарските броеви од задната страна на дрвените носачи. Тоа е матичен број на секоја икона“, изјави Невенка Величковска, советник конзерватор, раководител на непосредната заштита.

Реклама

Иконите потекнуваат од четири цркви во западниот дел на земјава, од селата Долно Перово, Селци, Радожда и Ѓавожда. Поголемиот дел се од 19 век, а три икони од Радожда датираат од 18 век. Во лабораторијата биле преземени повеќе конзерваторски и реставраторски зафати, како што се стабилизирање на сликарските слоеви, консолидација на дрвените носачи и обновување на оштетените делови. Разликата е видлива и на снимките пред и по интервенцијата.

Беа преземени низа мерки и комплексни активности за враќање на иконите во нормална состојба, меѓу кои фиксирање и стабилизирање на сликарските слоеви, консолидација на сите дрвени носачи, китирање на отпаднатите делови од подлогата со нов реставраторски грунт, отстранување на старите лакови, нестручно поставените боени интервенции и преслики со органски растворувачи. Понатаму, следуваше процесот на ретуширање со реставрирање на изгубените партии од боените слоеви. Нанесовме нов заштитен слој од реставраторски лак и на крај, на задната страна од носачите, ги вративме со црвена боја истите регистарски броеви кои беа оштетени при кражбата на иконите“, изјави Невенка Величковска, советник конзерватор, раководител на непосредната заштита

По завршувањето на третманот, иконите ќе бидат сместени во Музејот на Македонија, каде што ќе се чуваат според пропишаните услови. Можно е и враќање во нивните матични цркви, но за тоа треба да бидат обезбедени соодветни услови за заштита, по препорака на Националниот конзерваторски центар. Но, ова не е крај на процесот. Во депото во Тирана има и други предмети за кои се претпоставува дека потекнуваат од Македонија. Националниот конзерваторски центар веќе работи на нивното препознавање, со цел и тие да бидат идентификувани и вратени.